Времетраење:
февруари-октомври, 2021
Цел:
Вклучување на жените од руралните средини во креирањето на локалните политики
Клучни активности:
-Испитување на потребите на жените во девет села
-Формирање на Месни Женски Совети во 9 села на територијата на општините Демир Капија, Росоман, Градско
- Спроведување на едукативна работилница за ефективните механизми за граѓанско учество на жените
-Изработка на информативна брошура за надлежностите на локалната самоуправа и претставување на буџетската структура на трите општини
-Едукативна работилница за родово одговорно буџетирање
-Организирање на состанок за вмрежување
-Составување на листи си приоритетни барања на жените од девет села
-Одржување на три консултативни состаноци со градоначалниците на општините Демир
Капија, Росоман и Градско
-Одржување на состанок за вмрежување на жените од три села
Резултати на проектот:
-Формирани се Месни Женски Совети во 9 села на територијата на општините Демир Капија, Росоман, Градско
- Спроведено е испитување на потребите на жените во девет села
-Едуцирани се над 100 жени за работата и надлежностите на локалната самоуправа
-Изработена е листа со приоритетни проекти и предлози на жените од девет села и истите се доставени до ЕЛС во Демир Капија, Росоман и Градско