Зајакнување на Месните Женски Совети II


Времетраење: 
септември, 2022 -август 2023 

Цел:   
Да се зајакнат знаењата и застапувачките вештини на жените од руралните средини на територијата на општините Демир Капија, Градско и Росоман преку зајакнување на Месните Женски Совети и нивно оспособување за самостојно функционирање и застапување пред локалните власти.


Клучни активности:
-Одржување на консултативни средби на жените со претставници од локалната самоуправа
 ( во секоја општина по два состаноци)
-Спроведување на анализа и изработка на извештај за превземени активности од страна на ЕЛС и предлог заклучоци и препораки за идни активности
-Вмрежување на  жените од различни населени места и зајакнување на нивните знаења и вештини преку споделување на позитивни примери и размена на искуства (одржување на два состанока за вмрежување)
-Одржување на 9 состаноци на Месните Женски Совети и изработка на план за работа на Советите
-Организирање и реализација на обука за покренување на конкретни иницијативи и поднесување на писмено барање до локалната самоуправа
-Покренување на конкретни иницијативи во неколку села




Резултати на проектот:
-Ажуриран е составот на Месните Женски Совети во 9 села и изработен е план за работа на МЖС
-18 жени од девет села следеа обука за покренување на конкретни иницијативи и поднесување на писмено барање до локалната самоуправа и ги зајакнаа своите знаења и вештини за самостојно застапување пред локалните власти.
-покренати се три конкретни иницијативи и за истите се доставени писмени барања до трите ЕЛС
-воведена е пракса на одржување на редовни и навремени консултативни состаноци на жените со претставниците од ЕЛС
-Изработени се три извештаи (по еден за секоја општина) со проценка на превземените активности и постапувањето со предлог заклучоци и препораки за идни активности врз основа на спроведена анализа




 

Галерија