Донатор: Екуменска Иницијатива на Жени, Хрватска
Цел: преку размена на искуства меѓу партнерските организации ОЖ„Женско Лоби“-Демир Капија и Груаја Фермере, Ораховац-Косово да се зајакне делувањето на жените од руралните средини во двете држави.
Клучни активности:
- Испитување на потребите на жените во селата на територијата на општина Ораховац, Косово
- Формирање на Месни Женски Совети во 3 села на територијата на општина Ораховац
- Спроведување на едукативна работилница за ефективните механизми за граѓанско учество на жените
- Дводневна работилница за размена на искуства на активистки од двете партнерски организации
- Составување на листи си приоритетни барања на жените -одржување на консултативни состаноци со вработени во ЕЛС.
Резултати на проектот:
- Зајакнати се знаењата и вештините на 20 активистки на двете партнерски невладини организации
- Спроведено е испитување на потребите на жените на територијата на општина Ораховац
- Формирани се Месни Женски Совети во 3 села на територијата на општина Ораховац
- Едуцирани се над 100 жени за работата и надлежностите на локалната самоуправа
- Изработена е листа со приоритетни проекти и предлози на жените и истите се доставени до надлежните институции.