Препознај го и спречи го семејното насилство


Донатор: Екуменска Иницијатива на Жени, Хрватска

Цел: Да се зголеми јавната свест за проблемот со родово базирано насилство, да се мотивираат  жртвите на насилство да ги пријавуваат случаите на семејно насилство  и да се едуцираат жителите на општините Демир Капија, Неготино и Кавадарци за видовите на родово базирано насилство.

Клучни Активности:
-спроведување на кампања за собирање на потписи за подршка на иницијативата за отварање на регионален шелтер центар
-одржување на едукативни работилници и јавни трибини на тема родово базирано насилство
-основање на Младински Форум против семејното насилство
-спроведување на улични акции и поделба на едукативни материјали.


Резултати од проектот:
-собрани 3250 потписи за подршка на иницијативата за отварање на шелтер центар за жртвите на семејно насилство
-оформен Младински форум за насилство
-Едуцирани 130 средношколци и 400 граѓани за видовите и последиците од семејното насилсво (одржани 6 едукативни семинари, работилници и трибини)
-поделени се 1000 примероци од информативна брошура  и 500 примероци едукативен материјал на тема Препознај го и спречи го семејното насилство.



 

Галерија