Со креативност и дијалог против насилство во средните училишта


Донатор: Екуменска Иницијатива на Жени, Хрватска

Партнери: невладина организација “Младина” од Скопје, Младинскиот Центар ‘Креактив”-Кавадарци, СОУ “Ќиро Спаноџов -Брко” -Кавадарци, ОСУ “Јовче Тесличков”-Велес ССОУ “Коле Неделковски” - Велес, СОУ “Зеф Љуш Марко”-Скопје и СГГУ “Здравко Цветковски”-Скопје.

Цел: Да се намалат случаите на агресивно однесување на учениците од средните училишта и да се промовира соживот и толеранција во мултиетничките средни училишта.

Клучни Активности:
-основање на Коалиција за мир и толеранција
-реализација на дводневна конференција за мир и толеранција
-поставување на сандачиња за пријавување на случаи на насилно однесување во средните училишта
-одржување на етнолошки работилници и едукативно предавање на тема “Запознај ги другите околу себе”
-литературна работилница и поетско читање на тема љубов во петте средни училишта
 -ликовна изложба на тема мир и мириљубиво однесување.



 

Галерија