„Здружени и гласни против насилство врз жените“
Во рамките на проектот „Здружени и гласни против насилство врз жените“, кој е финансиски поддржан од страна на Екуменска Иницијатива на жени од Р.Хрватска, беше формиран Младински Форум против насилство во кој се вклучени девојки на возраст од 15 до 25 години од општините Демир Капија, Росоман, Градско, Неготино, Кавадарци и Велес.
Младинскиот Форум против насилство е неформално тело составено од млади девојки и жени кои ќе се вклучат во активности за подигање на јавната свест за проблемот со насилство врз жени и девојки и ќе дадат свој допринос за намалување на случаите со родово насилство.